Демири: Имавме играч повеќе и резултат кој нè носеше во следната фаза, но…

by
1 минути читање

Бекот на Вардар, Бесир Демири жали што со евтини голови беа елиминирани од Лигата на шампионите, но гледа позитивно кон новите предизвици.

„Разочарани сме од сето тоа што се случи на теренот во Копенхаген. Само 15 минути нè делеа од пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. Примивме така да кажам евтини голови, и сме поразени. Штета, навистина штета затоа што имавме голема шанса. Играч повеќе на терен, резултат кој што нè носеше во следната фаза, меѓутоа потоа примениот гол делуваше целосно демотивирачки за нас и до крајот е можевме да се вратиме. Одиме понатаму, пред нас има уште европски натпревари, почнува и првенството и мораме полека да заборавиме што се случи и да гледаме само кон напред, колку и да боли поразот од Копенхаген“ – вели Демири за официјалниот сајт на Вардар.

Слично размислува и стоперот, Евгениј Новак.

„Ваков пораз вообичаено многу боли и тешко се прифаќа. Боли поради фактот што имавме резултат кој не носеше во следната фаза. Тоа што се случи на крај не можам и не сакам да го анализирам, затоа што уште сме сите во неверување. Мора да помине време и заедно да направиме анализа и да видиме каде грешевме. Едно сакам да кажам, дека Вардар има потенцијал, има тим и има колектив што го покажавме на овие европски натпревари против Малме и против Копенхаген. Сега ја чекаме ждрепката од Лигата на Европа, јас верувам дека можеме да направиме успех. Плус не очекува и почеток на првенството, а за Вардар секој натпревар е важен“ – вели Новак.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани