Почина репрезентативец на Еквадор по сообраќајната несреќа во која загина уште еден фудбалер

by bojan
1 минути читање
Ангуло

Тажни вести пристигнуваат од Еквадор, репрезентативецот Марко Ангуло им подлегна на тешките повреди здобиени во сообраќајна несреќа и почина на 22 годишна возраст.

Перспективниот Марко Ангуло, член на ЛДУ Кито и репрезентативец на Еквадор, утрово починал. Tој им подлегнал на повредите здобиени во сообраќајна несреќа која се случи минатиот месец.

Докторите 35 дена се бореа за неговиот живот, извршија голем број на операции и зафати, но за жал не успеаја да го спасат.

Во сообраќајната несреќа која се случила во раните утрински часови на 7. октомври, животот го загубија уште две лица, помеѓу кои уште еден фудбалер, Роберто Кабезас.

Третото лице кое загина во страшниот судар е Виктор Чаркопа Назарено, роднина на фудбалерот Диого Назарено, кој настапува за Кунибуро ФК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани