113
Столе Димитриевски доби огромна почест од страна на Општина Куманово и неговиот роден град.
Градоначалникот Максим Димитриевски му го врачи најголемото признание во градот Куманово, а тоа е Ноемвриската награда која се доделува на 11 ноември на свечена манифестација.
Македонскиот репрезентативен голман го доби признанието за промоцијата на градот и државата во меѓународни рамки. Димитриевски со години живее и брани во Шпанија.
Најдобрите партии во кариерата ги имаше во дресот на Рајо Ваљекано, а изминатото лето се пресели во Валенсија.