Вардар губи на полувремето со Копенхаген, но има резултат за историја (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Македонскиот
првак има негатива од 2-1 по првите 45 минути игра на реваншот против
Копенхаген, но и покрај негативата, ова е резултат кој го носи чекор поблиску
до историја, барем засега.

Мечот почна лошо
за избраниците на Гоце Седлоски, домаќинот поведе уште во втората минута со
евроголот на Грегуш, по што данците се израмнија со Вардар во однос на првиот
меч во Скопје.

По лошиот старт,
следеа шанси на Барсегјан, Хамбарѕумјан и пред се
онаа на Николов во 16. минута, но ниту една не се
претвори во гол за израмнување.

Наградата за
одличната игра во продолжението од мечот следеше во 19. минута кога Николов
предизвика молк на „Телиа Паркен“ арената, а се радуваа неколкуте фанови на
Вардар.


Само шест минути
траеше вардаровата радост, данците повторно во водство, овој пат со автоголот
на Ерменецот Барсегјан, кој по нафрлената топка од корнер ситуација
невнимателно реагираше и ја смести топката во мрежата од голот на македонскиот
првак, Гачевски беше немоќен во оваа ситуација од 26. минута.

Од првиот дел ќе ја издвоиме и шансата на Балотели во 39. минута, но неговиот обид не заврши со реализација.

И покрај
негативата, исходот од првите 45 минути игра во Данска, го носи Вардар во
плејоф рундата од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, барем засега,
остануваат уште 45 минути борба на теренот на „Телиа Паркен“ арената, која се
надеваме ќе биде среќна за нашиот претставник.

Вардар: Гачевски, Грнчаров, Спировски, Којашевиќ, Барсегјан, Хамбарѕумјан, Николов,
Новак, Демири, Фелипе и Балотели.

Седлоски се реши
за една промена во однос на првиот меч во Скопје, па наместо Блажевски, од
првата минута во Данска почна Којашевиќ.

Исто како и на
претходните натпревари, против Копенхаген, односно Малме во второто
квалификациско коло, Седлоски не отстапи од формацијата 4-2-3-1.

Вреди да се
напомене дека евентуален успех на македонскиот првак во двомечот со данскиот
противник ќе значи историски подвиг, најмногу поради фактот што со пласманот во
плејоф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите, по автоматизам
обезбедува директно учество во групите од Лига Европа, при евентуална
елиминација во плејофот.

 

Фото-вест:
bt.dk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани