Македонецот вечерва ќе се збогува со фановите на Ријека: Ристовски по мечот со Салцбург, патува за Лисабон?!

by
2 минути читање

25 годишниот
десен бек на хрватскиот првак Ријека, Стефан Ристовски вечерва, барем според неофицијалните информации кои пристигнуваат, ќе се збогува со
својот клуб каде имаше сезона за паметење.

Според
пишувањата, македонскиот репрезентативец вечерва (20,45 часот) треба да го
одигра својот последен меч во дресот на Ријека, и тоа на реванш пресметката
против Салцбург во третата рунда квалификации за Лигата на шампионите, откако
во Австрија и двете екипи ремизираа со резултат 1-1, токму нашиот фудбалер беше
асистент во водството на својот тим.

Македонецот има прекрасна шанса на одличен начин да се збогува со клубот каде забележа одлични настапи а притоа беше ценет од фановите, како што е познато, вечерва трибините ќе бидат полни до последното место за дуелот против Салцбург.

Португалскиот
медиум „А Бола“ пренесува дека обата клуба веќе се имаат договорено околу
висината на обештетувањето кое хрватскиот првак треба да ја добие за одличниот
македонски бек, таа ќе изнесува 3,5 милиони евра.

Според пишувањата
во Португалија, се чини дека овој пат во прашање се ситни детали околу
официјализијата на долго најавуваниот трансфер на Ристовски во Спортинг
Лисабон.

Како за потсетување, пред само два дена во Португалија на големо се пишуваше дека првиот човек на Спортинг Лисабон, Бруно де Карвалјо лично ги земал работите во свои раце околу ситуацијата со Ристовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани