61
Вардар ќе треба да уплати 55.000 евра во касата на УЕФА за лошата организација на мечот во Струмица.
Македонскиот шампион е казнет по пет основи, фрлање предмети на теренот, непристојно однесување на публиката, блокирање на скалите на трибини, палење бакли.
Паричната казна е висока и покрај тоа што Вардар побара во предвид да биде земен фактот што не игра на својот стадион туку користи друг кој има далеку полоши услови.