Шкендија со
минимален пораз од 2-1 го пречекува литванскиот претставник Тракаи во реванш
пресметката помеѓу овие две екипи од третото квалификациско коло од Лига
Европа.
„Сакаме да
продолжиме со настапите во Европа Лигата, имаме активен резултат од првиот меч,
во Литванија се соочивме со неколку тешки ситуации но за среќа одржавме
резултат кој се уште ни дава шанса дека можеме да го елиминираме Тракаи. Нема
да биде лесно, нашиот ривал исто така си има свои планови, но убеден сум дека
доколку одиграме на нашето препознатливо ниво, ќе ја оствариме зацртаната цел,
а тоа е пласман по втор пат во плејофот од квалификациите за Лига Европа“
издвои Арменд Алими.
Реванш дуелот
помеѓу Шкендија и Тракаи се игра во четврток во терминот од 17,00 часот, на
стадионот „Младост“ во Струмица.
Извор: kfshkendija.com
Фото-вест: KF Shkendija (Facebook)