Откупната клаузула во договорот на Барди со Леванте, трета по висина во тимот, познати се деталите

by
1 минути читање

22 годишниот
офанзивец воедно и репрезентативец на Македонија, Енис Барди ова лето во
редовите на шпанскиот прволигаш Леванте пристигна од унгарски Ујпешт, и тоа за
сума од 1,5 милиони евра.

Иако постоеја
неколку понуди адресирани до нашиот фудбалер, сепак тој се реши кариерата да ја
продолжи во тимот од Валенсија, се чини дека го направи вистинскиот потег, иако
имаше двојно повисока понуда до него од Бундеслигата.

Локалните медиуми
во Валенсија откриваат за висината на откупната клаузула во договорот на Барди
со Леванте, истата е трета во однос на висината во тимот, по оние на Лерма и
Пепелу, по 30 милиони евра.

Најдобриот
стрелец со три погодоци во пресезонските подготовки за Леванте, има откупна
клаузула која изнесува 25 милиони евра.

Енис го доби
дресот со број „10“ во Леванте, по заминувањето на Рубен во Спортинг, нашиот
репрезентативец со својот нов клуб потпиша договор кој го обврзува на верност
до 2020. година.

Извор: superdeporte.es

Фото-вест: levanteud.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани