Вардар утре го игра реванш мечот против Копенхаген и е во одлична позиција да се пласира во плејофот од Лигата на шампионите и да направи историски успех.
Според „Трансфермаркт“, составот на Вардар вреди тројно помалку од тој на Копенхаген иако на теренот на „Телеком Арената“ работите изгледаа поинаку.
Тимот на Вардар има вредност од 10,20 милиони евра. Нема играч кој вреди милионска сума, најскапи се Дарко Веловски, Фелипе и Барсегјан кои се проценуваат на 750.000 евра, вредност од 600.000 евра имаат Николов, Којашевиќ, Хамбарѕумјан, Демири и Гачевски.
Копенхаген е проценет на 28,35 милиони евра, што е речиси тројно повеќе од Вардар.
Момците во „црвено-црни“ дресови утре ќе имаат можност да испишат историски успех и значително да си ја кренат својата вредност на трансфер пазарот.
Комплетната табелата на вредноста на клубовите кои учествуваат во квалификациите од Лигата на шампионите можете да ја погледнете на овој ЛИНК.