ЕВН 7-1(5-1) Гранит
ЕВН: Дарко Стоилевски 7’ Вилијам Митев 8’ 9’ 31’ Наум Бадаловски 15’ Никола Атанасов 1’ Бојан Тодоровски 22’
Гранит: Никоче Глигуровски 20’
Одличен почеток за екипата на ЕВН во дуелот со Гранит, тие уште на самиот почеток на натпреварот со удар од далечина на голманот Атанасов успеа да го изненади противникот и да поведе со 1-0. Ова рано водство дополнително ја мотивираше екипата на ЕВН која продолжи со силен притисок и до 10та минута успеа да дојде до солидна предност од 4-0, ова ја примора екипата на Гранит во игра да внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот преку кој би можела да дојде до отворена шанса за гол. Екипата на Гранит се обидуваше со брзи напади да реализира, но ЕВН одлично го затвори пристапот кон својот гол и на полувремето замина со предност од 5-1. Во второто полувреме се продолжи со ист ритам екипата на ЕВН го одржа високото темпо на игра што им донесе зголемување на водството. Кај екипата на Гранит воочлива беше кратката клупа и немањето играч повеќе во ротација, ова го искористи ЕВН за да дојде до бодовите во овој натпревар при резултат од 7-1.
Во натпревар полн со пресврт Корпа славеше над Џонсон Мети
Џонсон Мети 6-8(4-3) Корпа
Џонсон Мети: Никола Николовски 3’ 14’ 25’ Слободан Чичевски 25’ Христијан Стојановски 19’ Никола Чаушевски 20’
Корпа: Мартин Анакиев 24’ 37’ Анел Курт 38’ Дончо Аргировски 8’ 26’ Филип Тодоровски 10’ 18’ 39’
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и Корпа двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и атакуваа на бодовите. Екипата на Џонсон Мети одлично го отвори натпреварот преку Николовски во 3та минута од полувремето, екипата на Корпа брзо одговори со погодок на Аргировски за израмнување на резултатот а со погодок на Тодоровски во 10та минута од полувремето дојде до целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипите играа израмнета игра каде двете екипи се менуваа во водството а на паузата Џонсон Мети замина со минимална предност од 4-3. Во второто полувреме се продолжи со одлична динамична игра двете екипи имаа одлична реализација а екипата на Џонсон Мети успеваше да одржува еден погодок предност во тектот на полувремето се до завршницата на натпреварот кога екипата на Корпа успеа да израмни на 6-6 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Корпа успеа да ја скрши одбраната на Џонсон Мети и со два гола во низа да ја осигура победата во овој натпревар со резултат од 6-8.
Матрикс со цврста игра дојде до победа над Леар
Матрикс 2-0(1-0) Леар
Матрикс: Тони Брњарчевски 2’ 27’
Екипата на Матрикс имаше одличен почеток во дуелот со Леар, тие уште на самиот старт од полувремето во 2та минута успеаа да поведат со 1-0 со погодокот на Брњарчевски. По ова рано водство кај екипата на Матрикс екипата на Леар го подигаше темпото на игра и се почесто се закануваше кон голот на Матрикс. Сепак Матрикс одлично ја имаше поставено својата одбрана и користејќи го својот голман како голман играч успеваше да има брзи контра напади и да се заканува кон голот на противникот. До крајот на полувремето екипата на Леар не успеа да дојде до отворена шанса за гол па на паузата замина со негатива од еден гол. Во второто полувреме се продолжи со цврста и израмнета игра каде ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои. Екипата на Матрикс во 27та минута од полувремето со вториот погодок на Брњарчевски успеа да зголеми на 2-0. До крајот на натпреварот екипата на Леар вршеше константен притисок кон голот на Матрикс но изостануваше завршница. Екипата на Матрикс на крајот славеше со 2-0.