Од Копенхаген стравуваат, Бенгстон го посочи најсилното оружје на Вардар

by
2 минути читање

Вардар оствари
минимален триумф од 1-0 над Копенхаген, во првиот дуел помеѓу овие две екипи во
третата рунда квалификации за пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Пред реваншот во
Данска, еден од клучните фудбалери во тимот на тамошниот првак, вели дека
Копенхаген мора да биде мошне внимателен, и пред се трпелив на реванш средбата,
посебно во одбраната.

Знаеме дека
треба да постигнеме два гола против Вардар на реваншот, без притоа да примиме
ниту еден во својата мрежа. Мораме да влеземе во мечот опуштено од стартот на
натпреварот, мораме да бидеме трпеливи и внимателни во одбраната
“ вели
искусниот 29 годишен дефанзивец на данскиот првак, Швеѓанецот Пјер Бенгстон.

Искусниот
дефанзивец ги одигра сите 90 минути на првиот дуел помеѓу Копенхаген и Вардар
во Скопје, па тој издвои дека неговиот тим треба да ги елиминира сите грешки од
првата пресметка, притоа го издвои најсилното оружје на нашиот шампион, „убиствените
контранапади“.

Во првиот меч
изгубивме многу топки во неколку чувствителни делови на теренот, нашиот
противник го искористи тоа и делуваше многу опасно кон нашиот гол. Мораме да ги
елиминираме сите грешки, тие се многу опасни во крадењето на топки и
користењето грешки на противниците, барем тоа го забележав, исто така ќе
издвојам дека нивното најсилно оружје се контранападите
“ додава Швеѓанецот
сумирајќи го искуството од првиот меч во Скопје.

Претходно
покажавме и докажавме дека заслужуваме да бидеме дел од елитата во Европа,
верувам дека многу наши фанови ќе не поддржат за реваншот, нека биде тоа
посебен натпревар, сите ќе имаме корист доколку успееме да се пласираме во
плејофот од квалификациите за Лигата на шампионите, јас лично, моите соиграчи,
клубот и секако фановите
“ заклучи Бенгстон во изјавата за официјалниот клупски
сајт на Копенхаген.

Реваншот помеѓу
Копенхаген и Вардар е предвиден да се одигра во среда во терминот од 20,00
часот.

 

Извор/Фото:
fck.dk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани