„Спортинг Лисабон
форсира на договор со Ристовски“ пишува португалски „Рекорд“, кој притоа додава
дека првиот човек на клубот, Бруно де Карвалјо ги интензивирал преговорите со првакот
на Хрватска, Ријека.
Ристовски подолг
период е интересен за тимот од Лисабон, кој по се’ се чини дека нема да се штеди во намерите да се
засили со нашиот интернационалец ова лето.
Сепак, Ристовски
на неколку пати истакнуваше во изјава за медиумите дека Ријека му подготвува
нов договор, фокусиран е само на обврските кон хрватскиот првак во моментов, па
останува отворено прашањето колку е тој заинтересиран да си замине од тимот.
Ријека игра во
квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, во третата
рунда квалификации одигра нерешено (1-1) кај австрискиот шампион Салцбург, од
друга страна пак Спортинг Лисабон има загарантирано учество во групната фаза од
Лига Европа, од причина што квалификациите за Лигата на шампионите ги стартува
директно во плејофот, па евентуална елминација таму, го сели во второто по ранг
европско клупско натпреварување.
Вреди да се
издвои дека нашиот репрезентативец има важечки договор со Ријека кој го
обврзува на верност до 2018. година, со тоа хрватскиот тим има одлична позиција
во преговорите со клубовите заинтересирани за Ристовски.
Извор/Фото-вест:
www.record.pt