40
Лацио со 2-1 славеше над Каљари и дојде до 22 поени, исто колку што имаат Аталанта и Фиорентина.
Во последниот натпревар од 11. коло во Серија А, Лацио пред своите навивачи го совлада Каљари со 2-1.
Домаќините одлично го отворија резултатот, Диа по само две минути игра погоди за 1-0. Гостите одговорија во финишот на првиот дел, Лувумбо изедначи на 1-1 во 41. минута.
Закањи од пенал ги врати „бјанкочелестите“ во предност од 2-1, а Каљари потоа сам се дотолчи откако Мина заработи втор жолт картон, а Адопо претера со протестите па и тој беше исклучен.
Со оваа победа, Лацио дојде до 22 поени, исто колку што имаат и Аталанта и Фиорентина, два помалку од Интер и три од лидерот Наполи.