Откриено што му кажал Марсело на тренерот на Флуминенсе по кој настана големиот скандал

by bojan
1 минути читање
Марсело

Медиумите од Бразил откриваат што му кажал Марсело на тренерот на Флуминенсе по кој настана голем скандал а левиот бек експресно доби исписница од клубот.

На натпреварот против Гремио, Марсело се подготвуваше да влезе во игра во 89. минута, и кога требаше да истрча на теренот, влезе во конфликт со тренерот Мано Менезеш, по што веднаш беше седнат на клупа.

Предводникот на Флуминенсе сакаше да му даде последен совет на левиот бек, Марсело нешто му дофрли, ова не му се допадна на Мано Менезеш и љубителите на фудбалот беа сведоци на скандалозни сцени.

Медиумите од Бразил сега откриваат што било кажано покрај аут линијата, наводно Марсело на тренерот му рекол: „Не ми зборувај, не ме допирај, ова што го правиш е мало шоу за пред навивачите“.

Самиот Марсело одби да појасни што се случувало, но на социјалните мрежи напиша: „Вистината, исто како и сонцето, секогаш излегува на виделина“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани