54
Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе продолжи да игра фудбал, тоа најверојатно ќе биде во Аргентина, во тимот на Бока Јуниорс.
Според „Релево“, Бока Јуниорс подготвува понуда за Серхио Рамос, а тој е подготвен да ја прифати. Во наредниот период се очекува реализација на зделката.
Рамос е слободен играч по заминувањето од Севиља, тој никогаш не објави крај на кариерата и најави дека е во потрага по нов клуб.
Во меѓувреме Рамос самостојно напорно тренираше со цел да ја одржи формата.