Бензема: Разговарав со Винисиус, многу е тажен

by Стефан
1 минути читање

Францускиот напаѓач Карим Бензема застана во одбрана на поранешниот соиграч од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор кој на церемонијата во Париз остана без „Златната топка“.

Најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот заврши во рацете на Родри од Манчестер сити. Бензема нема дилеми дека Винисиус требало да биде победникот.

„Вини ја заслужи „Златната топка“, разговарав со него и тој е многу тажен и разочаран. Немам ништо против Родри, тој е голем играч, но кога седам дома и го гледам на ТВ не прави ништо да ме остави без зборови. Винисиус тоа го прави и повеќе пати“, изјави Бензема.

Бензема смета дека за Винисиус дополнителен проблем е и тоа што скоро целиот свет веќе го сметаше за освојувач на „Златната топка“.

„Комплицирано е кога вас целиот свет ќе ве гледа како освојувач на „Златната топка“, а неколку часа подоцна или еден ден ви кажуваат дека нема да ја освоите. Вини е добро момче, ќе работи напорно и еден ден ќе ја освои“, додаде францускиот напаѓач.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани