Денеска почнува вториот круг од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), на програмата се сите натпревари од 12. коло.
По четирите последователни порази, Вардар го победи Тиквеш во Купот на Македонија и одигра реми против лидерот Работнички. Момците на Срѓан Захариевски ја прекинаа негативната серија, но за мир во куќата треба да освојат бодови и денеска.
Во првиот меч оваа сезона меѓу овие два тима, Брера го надигра и убедливо го победи Вардар во Струмица со 3-0. Тогаш покажа дека е поквалитетен тим, а дали во меѓувреме нешто се променило, ќе видиме денеска.
На Вардар му е неопходен секој бод со оглед на тоа што е претпоследен на табелата, а многу подобра не е ниту Брера која има само четири бодови повеќе од црвено-црните.
Лидерот на табелата, тимот на Работнички му гостува на Силекс во Кратово. Тимот на Васоски одигра одличен прв дел од сезоната и се наоѓа на високото трето место со само три бода без тимот од Дебар Маало.
Силекс покажа дека е стабилен тим кој може да ги победи сите, па Работнички ќе има исклучително тешка задача да се врати со целиот плен од Кратово.
Тиквеш по одлежаната суспензија се враќа во Кавадарци, денеска е домаќин на актуелниот шампион Струга.
Во Тетово Шкендија ќе ја пречека Беса, а Шкупи ќе гостува кај Воска, Гостивар во Маџари ќе биде домаќин на Пелистер.
Сите натпревари почнуваат од 13 часот.
ПМФЛ 12. коло:
Вардар – Брера
Силекс – Работнички
Тиквеш – Струга
Шкендија – Беса
Воска – Шкупи
Гостивар – Пелистер
Табела: Работнички 23, Шкендија 20, Силекс 20, Гостивар 20, Шкупи 16, Струга 16, Беса 12, Пелистер 12, Брера 12, Тиквеш 8, Вардар 8, Воска 7.