Ноќеска се играше реванш мечот од Копа Либертадорес меѓу Ривер Плејт и бразилскиот Атлетико Минеиро, аргентинските навивачи имаа фантастично шоу.
Атлетико Минеиро со предност од 3-0 од првиот меч отпатува во Буенос Аирес и успеа да ја задржи таа предност. Поддршката од навивачите не беше доволна за фудбалерите на Ривер Плејт да ја анулираат високата негатива, натпреварот заврши 0-0.
Но, она за кое се зборува по мечот е лудата атмосфера која ја направија навивачите на Ривер.