Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас имаше учинок во победата на РБ Лајпциг во Купот на Германија против Ст. Паули (4-2).
За „биковите“ погодуваа двапати Поулсен и еднаш Баумгартнер во првиот дел, додека за гостите Гилавоги и Смит.
Елмас влезе во игра во 76 минута од натпреварот, а само четири подоцна запиша асистенција до своето име. Македонскиот фудбалер му додаде на Антонио Нуса кој пак имаше добар продор и погоди во гостинската мрежа за конечните 4-2.
SUPER ANTONIO NUSA 🇳🇴(2005) RESTORES THE TWO GOAL CUSHION WITH A GOLAZO!!!
— Football Report (@FootballReprt) October 29, 2024
SUPER SUB ELJIF ELMAS WITH THE ASSIST!
📽️ @GoalsXtra pic.twitter.com/rAL7lwkp3C
На останатите терени Баер Леверкузен слави со 3-0 против Елверсберг, Аугсбург го совлада Шалке со 3-0, а Карлсруе како гостин слави кај Офенбах со 0-2.