Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов е прогласен за најкорисен играч на натпреварот меѓу Јагелонија и Корона Кјелце од полската лига.
Јагелонија овој меч го доби со 3-1, а Чурлинов беше стрелец на последниот гол, тоа беше прекрасен погодок со силен шут од далечина.
🇵🇱 Darko Churlinov continues his good form with Jagiellonia Bialystok, scoring a brilliant volley.
— Football Macedonia (@MacedonianFoot_) October 27, 2024
Loan moving proving to be a success so far.
Finishing, one of the areas Churlinov needs to continue improving in. Already has the movement & instinct.pic.twitter.com/QGpwnThnCe
Сега неговиот клуб информира дека Чурлинов бил најдобар играч на мечот. Тоа е негово вакво второ признание откако пристигна во Јагелонија, првото беше на средбата со Краковија на неговото деби.