Доколку Вардар постигне гол во Копенхаген, тие ќе треба да дадат три за го елиминираат македонскиот шампион.
„Нашата цел е да поминеме понатаму. Сигурно дека ќе играме офанзивно, и нема да се браниме. Сакаме и таму да постигнеме гол. Не чека тежок реванш меч. Ќе има таму преку 30.000 гледачи кои ќе бидат на страната на домашните. Но, кога можевме да издржиме и да одиграме нерешено и против Малме, тогаш можеме и со Копенхаген. Ќе покажеме дека знаеме да играме фудбал и дека сето ова не е случајно, туку плод на напорна работа и на искуство со играње во Европа“ – изјави Блажевски за официјалниот сајт на Вардар.
Реваншот помеѓу Копенхаген и Вардар се игра на 2. август со почеток од 20 часот.