Речиси сите очекуваа дека Винисиус Жуниор ќе биде играчот кој ќе ја добие „Златната топка“, но во текот на вчерашниот ден се дозна дека тоа ќе биде Родри по што Реал Мадрид одлучи да ја бојкотира манифестацијата.
Голем дел од фудбалските фанови сметаат дека однесувањето на Винисиус на теренот е главната причина што тој не ја добил наградата.
Винисиус има голема поддршка од навивачите на Реал Мадрид и соиграчите, но тој е еден од најомразените фудбалери кај противничките фанови и фудбалери.
Се верува дека доколку неговото однесување било нормално, ќе заработел и повеќе гласови од оние кои ги доделуваат.
Why Vinicius didn't win the Ballon d'Orpic.twitter.com/zn19XtoYi9
— Troll Football (@TrollFootball) October 28, 2024
Однесувањето на Винисиус е една теорија за недобивање на наградата, друга има Винсент Гарсија, главниот уредник на „Франс Фудбал“, медиумот кој го организира доделувањето на „Златната топка“.
„Очигледно тоа се случи бидејќи Белингем и Карвахал се меѓу првите пет. Тоа значи дека чисто математички тие му пресудија на Винисиус, му земаа дел од бодовите. Оние кои гласаа за играчи од Реал Мадрид, мораа да се одлучат меѓу тројца нивни играчи“, вели Гарсија.
Винисиус важи за голем провокатор, најголем од редовите на Реал Мадрид и речиси и да не поминува натпревар без негов неспортски гест.