100
Доделувањето на „Златната топка“ оваа година крена многу прав, престижната награда ја доби Родри, иако до вчера изутрина се мислеше дека таа ќе отиде во рацете на Винисиус Жуниор.
Има различни коментари дали Родри ја заслужи „Златната топка“ или таа требаше да ја добие Винисиус Жуниор. Соиграчите од Реал Мадрид му дадоа голема поддршка на Бразилецот, а во негова полза се изјаснија и други фудбалери сегашни и поранешни, па и останати личности од спортот, како Луис Хамилтон.