Вардаровиот
голман е еден од најзаслужните во победата против Копенхаген синоќа од 1-0, тој
немаше многу работа на својот гол, но неговата прекрасна интервенција во самиот
финиш од мечот, ја спаси победата на нашиот првак пред реваншот во Данска,
идната среда.
„Ова е тој Вардар
кој сакаме да го гледаме… Би сакал да им се заблагодарам на фановите кои
дојдоа во голем број, тие беа нашиот 12 играч, победата им ја посветуваме нив,
но презадоволен сум од тоа како одигравме… Го оставивме срцето на теренот!“
ја пренесува словенечка „Екипа“, изјавата на Гачевски по мечот против данскиот
тим.
Инаку,
популарниот „Гача“ е роден во словенечка Мурска Собота, иако беше дел од
селекцијата на Словенија за фудбалери до 19 години, тој веднаш го прифати
повикот од Македонија, по што се реши да настапува за нашата селекција.
Ќе издвоиме дека
Гачевски пред две години стана првиот голман во нашиот шампионат кој бил
прогласен за најдобар фудбалер на домашната сцена.
Извор/Фото:
ekipa.svet24.si
Фото-вест:
24fudbal