Манчестер јунајтед веќе преговара со наследникот на Тен Хаг, познати се деталите

by riste
1 минути читање

Манчестер јунајтед денеска конечно му даде отказ на Ерик тен Хаг, а веќе стигнуваат информации за неговиот наследник.

Кормилото привремено ќе го преземе Руд ван Нистелрој, но како што стојат работите тој нема долго да остане на таа позиција.

Познатиот англиски новинар, Дејвид Орстејн објавува дека Манчестер јунајтед работи на ангажман на Рубен Аморим за нов тренер на тимот.

Црвените ѓаволи ќе ја платат откупната клаузула која Аморим ја има во договорот со Спортинг Лисабон, а таа изнесува 10 милиони евра.

39-годишниот тренер кој врши одлична работа во Спортинг сака преселба во Манчестер јунајтед, се верува дека преговорите за личните услови ќе завршат успешно и тој ќе биде новиот тренер на англискиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани