Според информациите
кои пристигнуваат, Мурати и Жуниор на последниот тренинг во Тетово кој беше
одржан вчера пред заминувањето за Литванија, тренирале со максимален
интензитет.
Се уште е
неизвесна ситуацијата со Вујчиќ, за кого се чекаат резултати од медицинските
прегледи, извесно е дека искусниот
фудбалер од средниот ред на тетовските „црвено-црни“ нема да му биде на
располагање на Ќатип Османи за утрешниот меч.
Како за
потсетување, Вујчиќ се повреди во Хелсинки против истоимениот противник на
реваншот во Финска, при што мораше да биде заменет во 79. минута, на негово
место во игра влезе Бојку, па се поизвесно е дека токму тој ќе биде замената за
31 годишниот фудбалер.
Нашиот вицепрвак
денеска треба да го одработи првиот тренинг во Литванија, синоќа тетовчани заминаа за Вилниус, каде утре во
терминот од 18,30 часот го игра првиот меч против литванскиот претставник, кој е
едно од најпријатното изненадување во квалификациите за Лига Европа досега.
Извор/Фото:
kfshkendija.com