Вардар славеше со
1-0 во првата пресметка со Копенхаген на домашен терен, во рамките на третата
рунда квалификации за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.
Големо
разочарување во данскиот тим, истото го пренесува и искусниот Вилијам Квист,
кој по мечот истакна дека резултатот ни најмалку не е ветувачки за неговиот
тим.
„Ова не е добар
резултат, морам да бидам реален и да го истакнам тоа“ изјави Вилијам Квист по
мечот во Скопје.
„Имам играно
многу натпревари во Источна Европа против искусни екипи, но ова беше нешто
друго… Има повеќе начини да ја играме нашата игра, но на реваншот мораме да
дадеме максиумом доколку сакаме да го елиминираме Вардар“ додаде искусниот 31
годишен играч од средниот ред на Копенхаген, кој има запишано 66 настапи за
најсилниот состав на Данска.
Реваншот се игра
идната среда во Данска, победникот од овој двомеч патува во плејоф фазата од
квалификациите за Лигата на шампионите, она што е сигурно, патникот во
плејофот, во најмала рака обезбедува пласман во групите од Лига Европа, што му
е загарантирано при евентуална елиминација.