Мируваат мрежите
во првите 45 минути игра во Скопје, на мечот помеѓу Вардар и Копенхаген, следиме динамичен фудбал, но без голови, барем засега.
Од тоа што
можевме да го видиме во првото полувреме, Вардар е доминантен во првите 45
минути игра, имаше неколку свои шанси, но не успеа да го најде патот кон мрежата
од противничкиот гол.
Првата шанса
Вардар ја имаше во 4. минута преку Блажевски, вардаровиот офанзивец тргна сам
по левата страна но сакаше сам да ја заврши акцијата, неговиот удар на крајот
беше блокиран, веднаш потоа Хамбарѕумјан не беше прецизен во ударот со глава по
корнер ситуацијата.
Крилата на Вардар
добро функционираа во почетната фаза, Барсегјан имаше соло-акција но на крајот
биеше недоволно силно за да го загрози противничкиот гол во 7. минута.
Блажевски создаде
уште една прилика, овој пат минута подоцна, но биеше непрецизно крај голот.
Николов имаше
убава прилика да постигне гол во 29. минута откако прими употреблива топка во
казнениот простор на Копенхаген, но неговиот удар беше непрецизен, притоа и
блокиран.
До крајот од
првото полувреме Вардар продолжи со офанзивната игра со која почна уште од
стартот, во 42. минута стигна нова шанса преку Балотели, но Бразилецот биеше
непрецизно со глава по една корнер ситуација.
Ќе ја издвоиме и шансата на Фелипе во продолжението од првото полувреме, но Бразилецот биеше млако кон противничкиот гол, притоа неговиот удар беше блокиран.
Гостите трпеливо
ја чекаа својата шанса од полуконтра да го загрозат противничкиот гол, но во
тоа не успеаа, мрежите останаа да мируваат до истекот на регуларните 45 минути
игра во првото полувреме.
Вардар: Гачевски, Хамбарѕумјан, Грнчаров,
Новак, Демири, Спировски, Николов,
Блажевски, Фелипе, Барсегјан, Балотели (4-2-3-1).
Мечот во Скопје
го суди германскиот арбитар Даниел Сиберт.