Полека но сигурно
се исполнуваат до последно место предвидените места за гледачи на „Телеком
Арената“ во Скопје, каде за некоја минута (20,00 часот) македонскиот шампион
Вардар ќе ги одмери силите со дански Копенхаген во првиот меч помеѓу овие две
екипи во третото квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лигата на
шампионите.
Како што е
познато, поради европскиот Суперкуп во Скопје, предвиден да се одигра идниот
месец, вечерашниот меч доби низа забелешки во однос на повеќе аспекти, па така
една од бараните услови беше употреба на одредени трибини на Арената.
Поддршка во
Скопје има и Копенхаген, неколку десетина навивачи на данскиот клуб ќе го
поддржуваат својот омилен тим од Источната трибина.
Мечот го суди
Германецот Даниел Сиберт.