102
Интер Мајами со голови на Суарез и Алба дојде до победа од 2-1 против Атланта јунајтед во меч во кој најмногу се истакна 40-годишниот голман на гостите, Бред Гизен кој своевремено бранеше и за Астон Вила.
Гизен беше брилијантен, имаше дури десет одбрани, бројка која е висока дури и за ракометот. Му ги фати сите шутеви на Меси, но Луис Суарез и Жорди Алба го најдоа патот до неговата мрежа.
Суарез погоди уште во втората минута од натпреварот, а Алба по 15 минути игра во второто полувреме.
Ова беше прв осминафинален натпревар од плејофот во МЛС, реваншот кој ќе се игра во Атланта е закажан за следната сабота, 3. ноември.