Манчини ќе ја напушти Саудиска Арабија како Шеик, за една година и два месеци на сметка ќе има преку 60 милиони

by bojan
1 минути читање
Манчини

Роберто Манчини нема да тагува многу поради кратката авантура во Саудиска Арабија, стратегот дома ќе се врати со преку 60 милиони евра на сметката.

Саудиска Арабија оваа недела ја финализираше разделбата со Роберто Манчини, стратегот на селекторското столче издржа само една година и два месеци.

Сепак, Италијанецот нема да тагува многу, ќе ја напушти Саудиска Арабија како Шеик.

Во случај на предвремен прекин на соработката, Фудбалската федерација на Суадиска Арабија му гарантира на Роберто Манчини дека ќе му ја исплати годишната плата како оштета.

Се верува дека Роберто Манчини има примања помеѓу 25 и 30 милиони евра, па тоа значи дека за една година и два месеци во Саудиска Арабија, ќе се врати дома со преку 60 милиони евра на својата сметка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани