Вториот гол на Македонецот во дресот на Леванте не можеше да биде подобар, тој беше постигнат
при една мајсторија од слободен удар, мајсторија за која пишуваше и „Мундо
Депортиво“.
„Барди го реши
победникот со еден прекрасен погодок од слободен удар“ пишува каталонскиот
весник.
„Леванте успеа да
слави над Кадиз со погодоците на Хозе Кампања и Енис Барди, вториот беше
вистинско ремек дело во второто полувреме“ додава „Мундо Депортиво“.
Притоа медиумот
во Шпанија голот на Барди го опишува како маестрален.
Долга е листата
на предвидени контролни натпревари на Леванте, следниот тест-меч е предвиден да
се одигра во четврток против Мурсија, ова е еден од деветте пријателски средби
во рамките на подготовките на тимот на Леванте.
За Барди
вчерашниот гол беше втор во дресот на Леванте, по оној во дебито против нисколигашот Ла Нусија.