121
Жозе Мурињо беше расположен за саркастични изјави по натпреварот меѓу Фенербахче и Манчестер јунајтед кој заврши нерешено 1-1.
Португалецот сметаше дека имаше чист пенал за Фенербахче, поради неговата реакција при тој момент заработи црвен картон. Мурињо често го споменува и недосудениот пенал за Рома во финалето против Севиља во Лига Европа, па сега вели дека најдобро е да не води тим кој игра во Европа.
„Најдобрата работа која треба да ја направам е кога ќе го напуштам Фенербахче да одам во клуб кој не игра во натпреварувањата на УЕФА, па ако некој клуб во Англија од дното на табелата има потреба од тренер за две години, подготвен сум да одам. Не сакам да кажам ништо повеќе од ова“, вели иронично Мурињо.