Класика Мурињо – објасни зошто Турпан е еден од „најдобрите“ судии во светот! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Фенербахче одигра 1-1 против Манчестер јунајтед, турскиот клуб создаде повеќе шанси, атакуваше на победата, но на крајот треба да се задоволни со нерешениот резултат.

Мурињо доби црвен картон во второто полувреме откако се побуни за недосуден пенал за неговиот тим. Тој изрази чудење како судијата во исто време може да види и дека не е пенал и неговата реакција поради која му даде црвен.

„Не сакам да зборувам за тоа. Тој ми кажа нешто неверојатно, дека во исто време можел да ја види акцијата во шеснаесетникот и моето однесување крај аут линијата. Му честитам за тоа бидејќи е апсолутно фантастично да имаш таква визија. За време на мечот да имате едно око на ситуацијата во шеснаесетникот и едно око на клупата и на моето однесување, тоа беше објаснувањето кое ми го даде. Затоа тој е еден од најдобрите судии во светот“, изјави Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани