122
Саудиска Арабија вечерва и официјално ја потврди разделбата со Роберто Манчини, стратегот имаше договор до 2027 година и плата од околу 30 милиони евра по сезона.
Серијата лоши резултати ја принудија Саудиска Арабија да повлече потег и да му врачи отказ на Роберто Манчини.
„Бордот на директори на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија и селекторот Роберто Манчини постигнаа согласност за прекин на договорот на взаемна согласност“ – гласеше известувањето.
Останува да се види колкава ќе биде компензацијата која ќе ја добие Италијанецот.
Тој имаше договор до 2027 година и плата од околу 30 милиони евра по сезона.