Стефан Ристовски е играч на натпреварот во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Македонскиот играч, Стефан Ристовски е прогласен за фудбалер на натпреварот меѓу Салцбург и Динамо Загреб.

Хрватскиот тим победи со 2-0, а при двата гола асистент беше нашиот Стефан Ристовски. На крајот Македонецот беше најдобро оценет и ја доби наградата за фудбалер на мечот.

„Прекрасно чувство, горд сум, голема ноќ за сите нас. Заслужено победивме, атмосферата беше прекрасна. Сакавме да победиме вечерва, имавме голема желба. На теренот го исполнивме договореното, ги спречивме нивните контри и одигравме одличен натпревар. Сиггурно дека оваа победа ќе ни донесе самодоверба по шокот на почетокот. Овој тим има напредок. Сакаме и повеќе од ова“, изјави Ристовски.

По три одиграни кола во Лигата на шампионите, Динамо Загреб собра четири бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани