Фудбалерите на Вардар обезбедија четвртфинале во Купот на Македонија откако денеска со 2:0 го совладаа Тиквеш во осминафиналето.
Во еден натпревар со малку шанси и поголема борба на средината на теренот Вардар поведе во 76. минута. Напаѓачот Дианеси доби еден дуел со противничкиот дефанзивец и успеа да го матира голманот на гостите од Кавадарци. Истиот играч во самата завршница ги постави и конечните 2:0.
Струга исто така со 2:0 беше подобра од Македонија Ѓорче Петров, додека на останатите средби стрелците не беа премногу расположени: Шкендија – Шкендија Арачиново (1:0), Гостивар – Брегалница (1:0)и Брера – Беса (1:0).
Силекс на пенали го елиминираше Шкупи откако во регуларниот дел немаше погодоци, изненадување по изведувањето удари од белата точка приреди Детонит кој по 1:1 во регуларниот дел со 2:4 беше подобар од Пелистер, додека Арсими со 3:1 ја изненади Воска Спорт.