Дојде време за вистинските возбудувања во Купот на Македонија, откако во првата рунда дел од клубовите играа и со нисколигаши. Сега се на ред натпреварите од осминафиналето, а во нив се очекуваат интересни пресметки ширум Македонија.
Бранителот на тронот Тиквеш ќе се судри со екипата на Вардар во Скопје. Се најавува вистински спектакл на „Градски“, бидејќи Комитите повикаа на обединување и „Народен фронт – за Вардар“. Се очекува добра бројка на најголемата македонска навивачка група, а останува да се види дали тоа ќе биде ветер во грб на играчите за добар резултат против Тиквеш. Двете екипи се во лоша серија, па буквално сите опции се отворени на мечот во Скопје.
Пелистер местото во четвртфиналето ќе го бара против второлигашот Детонит Плачковица. Битолчани на „Петар Милошевски“ ќе го дочекаат тимот од Радовиш кој лани играше бараж за ПМФЛ. Интересно ќе биде и во Струга каде раздрманиот шампион на Македонија го дочекува залетаниот второлигаш Македонија Ѓорче Петров.
- Осминафинални дуели во Купот на Македонија:
Вардар – Тиквеш
Пелистер – Детонит Плачковица
Струга – Македонија ЃП
Шкендија – Шкендија Арачиново
Силекс – Шкупи
Гостивар – Брегалница
Арсими – Воска Спорт
Брера – Беса
Сите натпревари се играат во терминот од 14:00 часот.