130
Македонскиот прволигаш Гостивар, доцна синоќа соопшти дека 43-годишнио Бразилец, Марсио Нобре е нивниот нов тренер.
Нобре доаѓа на местото од Муарем Муарем кој претходно го напушти кормилото на тимот.
Тој пристигнува од Турција каде што претходно работеше во Чорум, но беше и дел од уште неколку турски екипи во изминативе години.
Како фудбалер тој настапуваше за Фенербахче и Бешикташ, но и за бразилските Крузеиро и Парана, јапонската Кашива Рејсон и Вил од Швајцарија.