Милан до прва победа, малку фалеше Камарда да се прослави, Звезда настрада кај Монако (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Милан

Милан стигна до првата победа во Лигата на шампиони оваа сезона, „росонерите“ со 3-1 го совладаа Клуб Бриж, Црвена Звезда настрада на гостувањето кај Монако и загуби со 5-1.

По двата порази од Ливерпул и Баер Леверкузен, Милан вечерва ги освои првите три бода, избраниците на Пауло Фонсека со 3-1 го совладаа Клуб Бриж на Сан Сиро.

На почетокот од мечот, гостите во неколку наврати се заканија сериозно, имаа добри прилики за гол, сепак „росонерите“ беа тие кои поведоа, во 34. минута од мечот, Пулишиќ погоди директно од корнер.

Во 40. минута Онједика доби црвен картон, но и со играч помалку Клуб Бриж на стартот од вториот дел стигна до 1-1 со голот на Сабе.

Фонсека повлече потег, во игра ги вметна Окафор и Чуквуезе и тоа веднаш донесе промена на резултатот, Рајндерс стрелаше за 2-1. Истиот фудбалер десет минути подоцна го постигна својот втор гол за 3-1 и тука беа решени сите дилеми околу победникот.

Во финишот од натпреварот, 16 годишниот Камарда можеше да се прослави, младото момче ја затресе межата, но ВАР му ја скрати радоста.

На вториот натпревар од 18:45 часот, Црвена звезда настрада  на гостувањето кај Монако и загуби со 5-1.

Минамино го отвори резултатот по 20 минути игра, Ндиаје од пенал изедначи на 1-1, но длабоко во судиското надополнување на првиот дел, Емболо реализираше за 2-1.

Во второто полувреме, Синго зголеми на 3-1, Минамино со својот втор погодок донесе 4-1, за во последните секунди од натпреварот, Аклиуше да да ги постави конечните 5-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани