Копенхаген го објави списокот на фудбалери за мечот со Вардар, во Скопје пристигнува и несудениот македонски репрезентативец

by
1 минути читање

Македонскиот
првак Вардар утре го игра првиот меч против данскиот ривал Копенхаген во
третото квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лигата на
шампионите.

Откако успешно ја
мина претходната пречка Малме, се појавија низа проблеми за „црвено-црните“,околу
местото каде ќе се одигра првиот меч со данскиот првак, на инсистирање и молба
на Вардар, УЕФА одобри мечот да се одигра на „Телеком Арената“ во Скопје, која
мора да биде „сочувана“ за спектаклот предвиден на 8. август, каде во рамките
на Европскиот Суперкуп ќе се сретнат Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Од тоа што можеме
да го забележиме на официјалниот сајт на Копенхаген, тимот за утрешната
пресметка од 20 часот, во Скопје патува со 20 фудбалери, меѓу нив се најде и
несудениот македонски репрезентативец Урош Матиќ.

27 годишниот
фудбалер ова лето пристигна во тимот од Данска за сума од 3 милиони евра, и тоа
од редовите на австриски Штурм, иако постоеше можност да настапува за нашата
селекција, тој се реши да ги брани боите на Србија.

Целата сторија
околу Урош Матиќ и напорите кои ги правеше „Куќата на фудбалот“ во нашата земја
околу овој фудбалер, прочитајте ја – ТУКА.

 

Извор/Фото-вест:
fck.dk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани