По повеќе од една година Нејмар се врати на фудбалот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилската ѕвезда Нејмар по повеќе од една година пауза поради тешка повреда се врати на фудбалот.

Неговиот Ал Хилал го доби Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати (5-4) во азиската Лига на шампиони, а Бразилецот конечно пак заигра фудбал.

Нејмар влезе во игра во 77. минута и играше до крајот, означувајќи го крајот на рехабилитацијата. Тој дури и имаше голема шанса за гол на кам-бекот во финишот од средбата.

32-годишникот имаше проблем со вкрстените лигаменти и менискусот, по што беше опериран и мораше на нависитна долга пауза. Сега Нејмар се враќа во ритам и се очекува да бележи сè повеќе минути за Ал Хилал, но и за репрезентацијата на Бразил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани