Мурињо во Истанбул живее во хотел, досега потроши илјадници евра

by 24 фудбал
1 минути читање

Португалскиот стратег Жозе Мурињо оваа сезона го води турски Фенербахче, со цел да го врати гигантот на тронот во оваа земја.

Интересни информации открија тамошните медиуми, а поврзани со живеалиштето на Мурињо. Според информациите, Португалецот живее во хотел и тоа луксузен. Се работи за хотелот „Four Seasons“ на крајбрежјето на Босфорот.

Најефтината соба во овој хотел чини 1200 евра по ноќ, а досега Мурињо мина преку 140 во истиот. Тоа значи дека тој на Фенербахче најмалку му потрошил околу 170.000 евра на сместувањето.

Ова не е првпат Жозе Мурињо да живее во хотел, бидејќи слично беше и за време на престојот на клупата на Манчестер Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани