Мурињо го сака Елмас во Фенербахче

by riste
1 минути читање

На Елиф Елмас не му оди во Лајпциг каде има се помала минутажа, македонскиот репрезентативец во јануари би можел да се врати во добро позната средина.

Според турскиот медиум „Фанатик“, Фенербахче ќе се обиде да го добие Елмас на позајмица до крајот на сезоната.

Наводно, Жозе Мурињо е заинтересиран за Елмас, но Фенер ќе има конкуренција во Наполи кој исто така ја следи ситуацијата на македонскиот фудбалер и го сака во јануари.

Елмас во Фенербахче играше од 2017 до 2019 година од каде што премина во Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани