Холандската легенда, Весли Снајдер проговори за неговите битки со Серхио Бускетс на терените, открива дека во еден момент му се заканил дека ќе се видат на Ибица и таму ќе ги расчистат сметките.
Весли Снајдер водеше многу битки со Серхио Бускетс, што во дресот на Интер, што во дресот на Холандија.
„Бускетс е играч кој ви оди на нерви, секогаш ги удира другите, ни никогаш не сака да прими удар. Веднаш штом ќе биде удрен, почнува да плаче. Беше голем плачко. Буквално имав „тепачка“ со него на секој натпревар. Во еден момент му кажав, „Ќе се сретнеме на Ибица летоска и ќе расчистиме некои работи““ – раскажува Холанѓанецот.
Тој исто така се присети за еден потег на Серхио Бускетс во полуфиналето во Лигата на шампионите во сезоната 2009/10.
„Ја победивме Барселона со 3-1 на домашен терен, и потоа на гостувањето на Камп Ноу, во раната фаза од мечот, Мота го удира и Бускет почнува да се превиткува на теренот додека низ рацете гледаше дали Мота ќе добие црвен“:
„И кога Мота доби црвен, Бускетс стана и продолжи како ништо да не му е. Голем плачко… валкан играч“.