По најавите дека Роберто Манчини е блиску до отказ на клупата на Саудиска Арабија се појавија и првите информации за тоа кој би можел да го наследи.
Манчини во Саудиска Арабија заработува 30 милиони евра годишно и Саудијците не се задоволни од резултатите кои ги прикажува тимот под негово водство.
Саудиска Арабија на последните натпревари два натпревари запиша пораз од Јапонија и ремизираше со Бахреин и предизвика незадоволство во јавноста и кај навивачите што можеше да се види по свирежите кои доби по натпреварите.
Како опција за негов наследник се споменува Зинедин Зидан кој е без ангажман откако си замина од Реал Мадрид во 2021 година. Со Реал Зидан трипати во низа ја освојуваше Лигата на шампионите.
Главниот адут на Арапите секако се парите, се шпекулира дека на Французинот може да му се понуди и поголема плата од таа на Манчини.