83
Фудбалерите на Баерн Минхен убедливо славеа во дуелот против Штутгарт со 4-0 (0-0) во седмото коло на Бундеслигата.
Натпреварот на „Алијанц Арената“ не понуди погодоци во првото полувреме, меѓутоа потоа на сцена стапи неверојатниот Хари Кејн. Англискиот репрезентативец постигна два брзи гола во 57. и 60. минута за двојна предност.
Потоа следеше период на доста измени, а во 80. Кејн го комплетира својот хет-трик. Тука не беше крајот на возбудувањата бидејќи Кингсли Коман во 89. минута ги постави конечните 5-0.
Баварците се лидер во првенството, меѓутоа со по 17 бода го делат водечкото место со РБ Лајпциг. Од друга страна Штутгарт има девет бода на деветтата позиција.