85
Којашевиќ не се изнаигра на натпреварите против Малме, се појавија гласини дека причина за тоа е негово заминување од Вардар.
Но фудбалерот за официјалниот сајт на Вардар ги негира ваквите шпекулации:
„Не знам од каде им е на медиумите информацијата дека ќе си одам од Вардар. Јас засега не размислувам на заминување од Вардар, и имам важечки договор со клубот. Сега не сум фокусиран на ништо друго, туку само на настапите на тимот во Лигата на шампионите и натпреварот кој следува против Копенхаген. Целосно ги отфрлувам овие шпекулации дека ќе го напуштам Вардар“, изјави Дамир Којашевиќ.