Фудбалерките до 19 години ќе тестираат против Бугарија

by Стефан
2 минути читање

Младата женска селекција на Македонија до 19 години, во периодот од 21. октомври до 28. октомври ќе одработи тренинг камп во Банско, Бугарија.

Нашите млади фудбалерки ќе го искористат овој период и ќе одиграат два контролни натпревари против соодветната селекција на Бугарија.

На 24. октомври, на стадион во Разлог ќе биде одигран првиот контролен дуел со Бугарија, со почеток во 14. часот.

На 27. октомври, на истиот стадион, ќе го одиграме вториот контролен дуел со Бугарија. Натпреварот ќе започне во 13. часот.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Астрит Мерко се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Ведрана Комненова   Скопје

Белма Казимоска   Ас Јунајтед

ОДБРАНА:

Михаела Додевска   Скопје

Ива Јосифова   Тиверија

Слаѓана   Ѓорѓиева   Тиверија Брера

Стефанија   Веселинова   Каменица Саса

Ива Јовановска   Љуботен

СРЕДЕН РЕД:

Јована Павловска   Ас Јунајтед

Васка Василева   Каменица Саса

Никица Трендова   Скопје

Кристина Крстева   Скопје

Кристина Вељановска   Атлетико

Анастасија Илиевска   Топ Гол

Елена Симјанова   Топ Гол

Зиза Аломеровиќ   Рејкавик, Исланд

Евгенија Дамева   Трелеботгс, Шкотска

НАПАД:

Сара Дика   Ас Јунајтед

Емилија Блажевска   Шведска

Емили Митковска   Речица

Јехона Велиу   Швајцарија

Катерина Петкова   Истатов

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани