Тен Хаг им се налути на новинарите: Пишувате лаги за мене!

by Стефан
1 минути читање

Стратегот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг и покрај сите критики што ги добива убеден во успех на тимот под негово водство.

Во јавноста на големо се шпекулираше и за можните наследници на Тен Хаг, како и за ултиматум до холандскиот стратег за следните два натпревари, меѓутоа тој тврди дека има доверба.

„Пред нас е планина за искачување, но играме фудбал на највисоко ниво. Некогаш мора да се соочите со предивизици, но сигурен сум дека ќе имаме успехј како што имавме во последните две сезони. Гледам работи кои одат во добра насока. Сепак, позицијата на табелата во овој момент не е добра“.

Тврди дека медиумите пишуваат невистини.

„Вревата доаѓа само од медиумите и од некои од вас кои измислуваат приказни и пишуваат лаги. Знам дека сме на иста страна со клубот. Го кажав тоа и пред паузата, но некои новинари веројатно не веруваа“, изјави Тен Хаг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани